Жената - робот која ќе оди во вселената! (видео)

Индиската вселенска агенција (ISRO) го претстави необичниот робот што треба да оди во вселената подоцна оваа година, како дел од пробната беспилотна мисија. Неговите експерти се надеваат дека овој робот ќе им биде од голема помош на астронаутите во вселенската мисија ,,Гаганијан”, што е закажана за декември 2021-ва година.