Од Бекирлија до Холивуд – како се снимаше „Медена земја“

Филмот „Медена земја“ е веќе дел од македонската историја, зашто на една рака се бројат делата од македонски автори кои биле номинирани за „Оскар“. По краткиот документарец на Столе Попов „Дае“ во 1979 година и „Пред дождот“ на Милчо Манчевски во 1995, „Медена земја“ е третиот филм со македонско авторство, прв со две номинации, кој на доделувањето на Оскарите на 9. февруари влегува со надеж дека може да ја освои првата златна статуетка за земјава.