На Британците им се потребни 16 дена за да го произведат овој луксузен автомобил

Бентли е гордоста на британскиот автомобилизам, а моделот "Bentayga Speed" се произведува во фабриката во Кру која постои од крајот на Втората светска војна, односно од 1946-та година. Станува збор за џип кој за 3,8 секунди развива од 0 до 100 км/ч, а максималната брзина изнесува 305 км/ч. За производство се потребни 16 дена, а се продава по цена од 230 илјади долари.