„Багра народ сте, срам да ви е“: Попот во Валандово на присутните им се обрати со погрдни зборови

Откако имаше инцидент по скокањето на крстот во Штип, каде врниците кои скокаа се “тепаа“ за него па попот реши да го остави во црквата следеше скандал и во Валандово. Попот во Валандово 3 пати го фрлаше крстот. По два неуспешни обида, бидејќи скокнале непријавени учесници, тој им се обрати со погрдни зборови на присутните и по третпат го фрли крстот. „Багра народ сте, срам да ви е“-рече попот.