Иран објави снимка од лажен атентат врз Трамп – снајперист пука кон претседателот на САД

Иран објави лажно видео на кое снајперист стрела кон американскиот претседател Доналд Трамп по убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани. Монтираната снимка, објавена од новинската агенција на иранската влада, „Фарс“, почнува со една порака. „Америко, ако почнеш војна, ние ќе ја завршиме“, се вели на почетокот на видеото.