Американската полиција тајно тестира кучиња роботи

Неодамна во САД се дозна дека полицијата во своите акции тајно тестирала хај-тек кучиња роботи поради што реагираа организациите за човекови права. Кога државната полиција во Масачусетс објави видеодемонстрација на тест на кучеторобот, наречено Спот, Американската унија за граѓански слободи (ACLU) упати јавно барање до компанијата „Бостон динамикс“ да обелодени колку долго се користи овој вид технологија од страна на полицијата.