Пингвин плива 8.000 километри секоја година за да го посети својот спасител

Бразилски рибар, кој пронашол пингвин во критична состојба, прекриен со нафта и заробен во карпи, го искапел и го нахранил очекувајќи дека кога ќе закрепне, ќе отиде во потрага по своето семејство, но пингвинот останал со него осум месеци. Потоа исчезнал, но од тогаш тој секоја година патува по 8.000 километри за да се врати и да го посети својот спасител.