„Бидејќи него го нема, те имаме тебе“: Антониа Гиговска со емотивна изведба на „Полско цвеќе“

18-годишната Антониа Гиговска од Скопје, со последниот настап на „Пинкови ѕвездички – Аll stars“, каде ја изведе „Полско цвеќе“ од Тоше Проески, повторно го воодушеви жирито. Гоца Тржан се расплака за време на изведбата, а по настапот рече дека Тоше е единствениот кој може подобро од неа да ја испее оваа песна.