На островот на милијардерите се продава вила од 24 милиони долари

Индијан Крик или, како што го викаат, островот на милијардерите, има 34 куќи и 42 жители и важи за една од најбогатите и најбезбедните заедници на Мајами Бич и во светот. На овој приватен остров живеат богати и познати. Еден од нив е пејачот Хулио Инглесијас, како и неколку познати светски инвеститори. На пазарот на недвижности многу ретко може да се најде куќа на овој остров, но една од вилите изградени во медитерански стил се продава за 24 милиони долари.