Ридли Скот ја режираше најновата реклама на „Туркиш ерлајнс“

Авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ за снимањето на новиот шестминутен рекламен спот го ангажираше славниот британски режисер Ридли Скот. Рекламниот филм „Патувањето“ беше прикажан на еден од најгледаните настани во годината во САД – финалето на „Супербоул“ кога фирмите трошат милиони долари на реклами.