Пендаровски: Имаме гаранции дека ќе се забрза ратификацијата на протоколот за НАТО

Потпишувањето на пристапниот протокол за членство во НАТО ќе биде прва официјална употреба на новото име на државата. Иако употребата на Северна Република Македонија треба да стапи на сила по ратификацијата на договорот и протоколот во Грција, наместо претходно, националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски, во интервју за „Макфакс“ вели дека нема друг начин за да се почне процесот за полноправно членство. Тој е дециден дека блокада за НАТО нема од ниту една држава, но не исклучува тоа да се случи во преговорите со ЕУ. Очекувањата се дека процесот на ратификација на протоколот во сите 29 држави членки ќе заврши за една година.