Излезе трејлерот за „Нашата планета” на Дејвид Атенборо

„Нетфликс“ објави трејлер за новиот серијал „Нашата планета“ на Дејвид Атенборо, кој ќе пристигне на таа дигитална платформа на 5 април. Документарниот филм ги истражува „вчудовидувачките, никогаш видени живеалишта”, стои во описот на трејлерот. Целта на серијалот е да ги потсети луѓето дека планетата Земја е наш дом и дека сите ние „играме за истиот тим”. Трејлерот беше премиерно прикажан за време на „Супер боул“.