Пензиониран полицаец работи на проект против загадувањето, објавени првите снимки за документарниот филм

Објавени се првите снимки за долгометражниот документарен филм „Устав на новата ера: Човек балансер на воздушниот и водениот свет“. Филмот е за пензионираниот полицаец Војо, кој е иноватор на 8 иновации од енергетиката и екологијата, а последниве 15 години работи со огромна љубов и посветеност на својот најголем проект, кој ќе помогне против аерозагадувањето во земјата.