Џафери го изнервираа пратениците: Седете море аман!

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, се налути на пратениците откако во првиот обид за гласање, во собраниската сала немаше доволен број на присутни за да може да се изгласа одложувањето на примената за законот за пазарџии. Во собраниските клупи во тој момент седеа вкупно 54 пратенци. По ова, Џафери им се налути на пратениците кои дополнително влегоа во салата.