Пазарџија: Нека дојде министерот, ќе му дадам три пара ѕиври и кожув од прадедо ми

Пазарџиите кои бараат да се повлече Законот за пазари и денеска ја испратија пораката до власта дека се противат на ова зкаонско решение и покрај најавите дека примената на Законот се одложува. „Нека дојде министерот Бектеши и тој Екрем што сакаат нашето парче леб од уста да го земат, јас ќе им даадам три пара ѕиври и овој кожув од прадедо ми да дојде со жената и децата овде, како што јас работам со моите, јас ќе му извадам лиценца и ќе му ја платам, а не да врши криминал“, порача еден од пазарџиите.