Цел компјутер интегриран во еден глушец

Во годините наназад човештвото беше сведок на голем број технолошки иновации, а се одеше во насока на создавање иновативни технологии што можат да се вклопат во различни уреди. Денешните паметни телефони се добар пример за ова. Покрај тоа што се тенки, тие имаат прилично моќен хардвер, со многу меморија и процесори со голема брзина.Воден од ваквите примери, јутјуберот Electronic Grenade одлучил да се обиде да вклопи целосно функционален компјутер во компјутерски глушец. Крајниот резултат е доста импресивен и, иако можеби не и најмоќен, неговиот концепт е дефинитивно уникатен.