За да се заштитат од непријателот, пчелите изведуваат хипнотизирачки танц

За разлика од своите европски роднини, големите индиски пчели (Apis dorsata) не прават заштитна обвивка околу гнездото, кое се состои од само едно големо саќе, околу 1 метар во дијаметар. Поради тоа, потомството го заштитуваат со сопственото тело, применувајќи необична одбранбена тактика. Возрасните пчели го обложуваат саќето со своите тела, а потоа ги заплашуваат предаторите со наизменични спирални и брановидни движења.