Циркус од играчите на Барса: Бускетс и Силесен со синхронизирана глума служат за сеир во Шпанија

Барселона ќе мора да направи пресврт на реванш осминафиналето во Копа дел Реј откако изминатава вечер загуби со 2:1 на гостувањето на „Сиутат де Валенсија“, натпревар на кој домаќинот Леванте го искористи фантастичното прво полувреме за да стегне предност пред повратниот дуел. Силесен и Бускетс изрежираа една синхронизирана глума при дуел со противничкиот играч Чема, а повторените снимки покажаа дека жртва во дадената ситуација беше фудбалерот на Леванте кој не можеше да поверува што прават двајцата противници.