Силниот ветер во Тиват си поигруваше со патнички авион при обид за слетување

На социјалните мрежи се појави снимка од авион во близина на аеродромот во Тиват, Црна Гора, со кој како што пренесуваат медиумите од регионот, силниот ветер буквално си поигрувал. „Го снимив ова кај местото Радановиќ, во близина на Тиват. Ризичен обид за слетување на ATR. Летот беше пренасочен кон Подгорица“, се вели во описот на видеото.