Дедо Мраз почина среде претстава во градинка во Русија

Дедо Мраз, кој енергично танцуваше и трчаше на бината со деца во градинка во Русија, среде претстава се струполи на земјата и почина. Децата се смееја и трчаа кон него мислејќи дека станува збор за дел од претставата. Актерот Валери Титенко, кој го играл Дедо Мраз, претрпел фатален срцев удар.