Северна Кореја има меѓународен модерен аеродром, но нема ниту еден патник

Северна Кореја го модернизира меѓународниот аеродром во Пјонгјанг, но на него нема ниту патници ниту авиони – пистите се празни. Во серијалот на британскиот новинар Мајкл Палин, „Мајкл Палин во Северна Кореја“, е прикажан аеродромот во Пјонгјанг, кој сè уште не во функција за интернационални летови. Палин вели дека е бизарно тоа што продавниците на аеродромот се полни со стока и дури има и вработени иако нема муштерии.