Катар 2022: Погледнете го чудото од стадион каде ќе се одигра мундијалското финале (Видео)

Оваа година заврши едно од најдобро организираните Светски првенства во историјата на фудбалот. Русите се покажаа како одлични домаќини и ги прибраа сите пофалби од целиот свет. Сега на ред доаѓа Катар, кој во 2022 година ќе биде домаќин на фудбалскиот Мундијал. Катарците ќе испишат историја со тоа што ќе бидат првата земја од арапскиот свет која го организира планетарниот фудбалски собир. Сепак тие сакаат да бидат и првата земја која ќе испише историја во секоја категорија, од публика и посетеност, приходи и заработка, екстрагавантост и луксуз.