Анкета: Што ви значи датумот 27 април?

„27 април е обичен ден, мислам дека не е празник“, „ме асоцира на крв и насилство“, „фингирана партиска работа“, се дел од одговорите на жителите на неколу села во околината на Скопје. Судските постапки поврзани со настаните од 27 април, политичките пазарења за помирување се една од главните теми во медиумите, па затоа екипата на „Макфакс“ реши да посети неколку рурални места и да ги праша граѓаните како тие гледаат на овие настани, односно дали датумот 27 април има некакво значење за нив.