„Ливајс“ претстави нов модел на паметна тексас-јакна

Новиот модел на паметна јакна „Жакард“, што е резултат на соработката меѓу компаниите „Гугл“ и „Ливајс“, своите сопственици ги информираа во ситуации кога ќе процени дека тие веројатно си го заборавиле телефонот. Кога сопственикот премногу ќе се оддалечи од својот телефон, се активира опцијата наречена Always Together (секогаш заедно). Тогаш јакната се активира, односно сензорот вграден на ракавот почнува да свети и да вибрира.