Босанец светски рекордер во кршење тули со главата

Босанецот Керим Ахметспахиќ го собори светскиот рекорд во кршење бетонски тули. За 25 секунди тој успеа да скрши дури 90. Керим има 16 години и веќе е мајстор на борачки вештини, а сега стана носител на рекордот на Гинис во оваа необична дисциплина.