Пругата кон Бугарија се гради еден и пол век

Уште 900 милиони евра и голема посветеност на Владата се потребни за да стане реалност Коридорот 8, односно железничката пруга која Македонија ќе ја поврзе со Црно Море на исток и со Јадранско Море на запад. Пругата се гради неверојатни еден и пол век, период во кој на трасата на Коридор 8 се испречувале војни, преврати и политички притисоци кои ја пролонгирале изградбата.