Ова е најсомнителниот автогол во историјата на српскиот фудбал, а УЕФА сега отвори и истрага

Спорниот момент е од 16-тото коло од српското првенство, меѓу екипите на Пролетер и Раднички Ниш. Натпреварот го добија гостите со 2-1 и пресврт во второто полувреме, со пенал и еден многу чуден автогол. Автоголот го постигна истиот фубалер кој го направи и пеналот.