Кари погаѓа со една рака без гледање

Капитенот на актуелниот шампион на НБА често на загревањата пред натпреварите прави потези со кои ја анимира публиката, а еден особено привлече големо внимание. Плејмејкерот на „Вориорси“ како од шега од центарот на теренот, зад грб со една рака успеа да го погоди кошот без никакви проблеми.