Одом во интерјву со комичарот Харт: Докторите ми рекоа дека сум чудо што сум жив (Видео)

Ламар Одом, кошаркарот кој имаше одлична кариера до моментот кога стана дечко на Клои Кардашиан и кога влезе во шоу бизнисот со фамилијата Кардашиан, во последното интервју со познатиот комичар Кевин Харт, изјави дека докторите му кажале дека е чудо што останал жив. – Тоа што ми го кажаа докторите, ме остави без зборови. Ми кажаа дека јас сум вистинско чудо што се уште сум жив, – му откри 38-годишниот кошаркар на Харт.