Ајкула нападна научник во водите околу Масачусетс

Океанологот д-р Грег Скомал за малку ќе станел плен на голема бела ајкула кога таа во еден момент скокнала од водата право на бродот во кој се наоѓал тој. Д-р Скамал стоел на предниот дел на бродот и работел со својот колега на редовна контрола на водата во Масачусетс. Научникот бил опремен со гопро-камера и голем стап за да направи подводна фотографија. Бродот бил во движење, и никој не очекувал дека Скомал ќе биде во опасност. Меѓутоа, морското чудовиште долго околу 5 метри ги изненадило сите скокајќи на бродот.