Турска студентка изеде 255 ражњичи за 23 минути

Турската студентка Џерен Јилмаз, која има 45 килограми, за 23 минути успеа да изеде 255 ражњичи и го сруши рекордот во угостителски објект во Анталија. Јилмаз пропратно испила и три чаши ајран, турски традиционален напиток, две шишиња вода, а јадела и салата. На ова натпреварување организирано од угостителскиот објект, се пријавиле 21 студент.