ГДУ предлага да има 90 пратеници, една изборна листа и отворени листи

Граѓанско демократската унија (ГДУ) предлага нов изборен модел, за што подготвува и проект кој на прес-конференција го презентираше претседавачот на Националниот Комитет на ГДУ, Ѓорѓи Трендафилов.Тие предлагаат евентуалната промена на Уставот да се прошири и на членот 62 со што бројот на пратеници во Собранието да се намали од 120 на 90.