Емотивна средба на татко и син: Малиот Стефан му ја честита победата на Новак Ѓоковиќ

Најуспешниот српски тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, по серијата неуспеси, по четвртипат во својата кариера успеа да стане шампион на Вимблдон. Тој го победи Кевин Андерсон од Јужна Африка, а по натпреварот откри зошто оваа победа за него има поинакво значење од претходните. Имено, за првпат во неговиот живот некој му довикна: „тато, тато”. Малиот Стефан дојде да го бодри својот татко иако пропозициите не дозволуваат натпреварот да го следат деца под 5-годишна возраст.