Во „Фени“ уништени 590 пушки и пиштоли на МВР

Во погоните на „Фени индустри“ во Кавадарци денеска беше извршено уништување разновидно неупотребливо и трајно оштетено службено оружје (полуавтоматски, автоматски пушки, пиштоли и друго), кое досега било складирано, а порано се употребувало во Министерството за внатрешни работи.