Ретроспектива за спорот со името со Соседна Грцијa: Потсетување на деновите во времето на Киро Глигоров

На почетокот беше независноста, а по неа дојде и спорот за името со соседната Грција. Така дојде и до забраната за зборот „Македонија“. Стојалиштето на нашиот јужен сосед на почетокот на '90-те години беше дека во името на соседната и' држава не смее да го има називот „Македонија“. На сите нас кои живееме во спорните декади, веројатно како единствена константа во проблемот со името ни е медијаторот на ООН Метју Нимиц, кој веќе 24 години е официјален специјален претставник на Генералниот Секретар на ООН, назначен уште од времето на Кофи Анан. Веројатно тој беше еден од малкуте кој како оптимист постојано веруваше во решение за спорот за името со Грција.