(ВИДЕО) Спречен инцидент на потпишувањето на Договорот

Полицајците пуштија солзавец за да спречат дел од демонстрантите да на влезат во т.н „безбедносен прстен“ и да стигнат до селото Псарадес, каде што беше во тек потпишувањето на договорот помеѓу Грција и Македонија. Протестите ескалираа кога демонстрантите се обиддоа да го пробијат кордонот на полицајци кои во голем број го обезбедуваа настанот. Демонстрантите почнаа да фрлаат разни предмети кон полицајците кои возвратија со созавец. Околу 80 автобуси со демонстранти од Северна Грција пристигнаа пред селото Псарадес за да протестираат против потпишувањето на Договорот. Тие носеа импровизирана бесилка, транспаренти против владата, грчки и црни знамиња и извикуваа „Стоп за договорот“’,„Предавници“.