Уникатно видео кое открива како се збогуваше Иниеста од „Камп Ноу“: Оставете ме сам, ве молам

Неколку часа по завршувањето на мечот меѓу Барселона и Реал Сосиедад, во светската спортска јавност вистински хит стана фотографијата на осамениот Андрес Иниеста на тревникот на „Камп Ноу“, а сега специјализираните шпански емисии се погрижија да им доловат на фановите како всушност капитенот ги мина неколкуте минути во мир и тишина на стадионот.