Фчерашни новости: Погледнете ја последната епизода за оваа сезона

Со дел од најгледаните скечеви за изминатата година, вчера заврши третата сезона на најгледаната хумористично-забавна емисија во Македонија – „Фчерашни новости“. Повеќе од 450 видеа, милионски прегледи на „Фејсбук“ и „Јутјуб“, 4 нови хитови, 34 епизоди и неколку нови, а веќе легендарни ликови, екипата ја заокружува и оваа успешна година. Двојникот, Арчи, Паки, Јелисалфета, Јоци, Јелена, Ацо, како и веќе добро познатите Ланчо, Дуци, Маја...се луѓето кои со нетрпение ќе ги очекуваме да се вратат на екраните од наесен. Дотогаш, следете ја екипата на Бранко Огњановски на „Фејсбук“, „Инстаграм“ и на „Јутјуб“ и потсетете се на најголемите хитови.