Објавен трејлерот за новата македонска комедија „Година на мајмунот“

Необичното пријателство меѓу мајмунот Коко и чуварот на Зоолошката градина, Цобе, и нивниот живот во превртениот транзициски свет се центар на дејството на „Година на мајмунот“, новата комедија на реномираниот режисер Владимир Блажевски, автор на култниот македонски филм „Панкот не е мртов“. Мајмунот, кој од Зоолошката градина завршува на улиците на Скопје и продолжува да патува низ живописните предели на Македонија, како и низа карикатурни ликови, едно необично комбе, неколку протести и чудесна роденденска прослава, проследени со пиктурална фотографија и звуците на „О, соле мио“, се само дел од моментите што ги прикажува двеминутниот трејлер за оваа комедија на апсурдот.