Дибиров со најдобар гол на завршницата од СЕХА лигата

Четвртата СЕХА титула за Вардар значи и одбранет трофеј од минатата година, а „црвено-црните“ тоа го направија во одличната атмосфера во салата во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Благодарение на добрите игри, дури четворица вардарци се најдоа во идеалниот тим додека еден беше прогласен и за МВП. Но, и еден ,,вардарец” го има голот на колото на финалниот турнир во Скопје. Тоа е Тимур Дибиров кој во 22 минута на маестрален начин ја затресе мрежата на противничкиот гол. Погледнете ја мајсторијата на Русинот.