Дачиќ му запеа на Коѕијас на грчки

На вчерашната свечена вечера во чест на грчкиот колега, српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ му запеал песна на грчки јазик. Грчкиот министер Коѕијас имал и посебна музичка желба. Тој ја побарал „Тамо далеко“ и рекол дека тоа е најубавата песна на светот.