Експремиерот Никола Груевски, по денешното одложено рочиште за предметот „Тенк“ за набавка на „мерцедесот“, повтори дека станува збор за политички, а не за правен процес. Тој рече дека и минатата недела, и оваа и следната тој секој работен ден е на судења со единствена намера да не биде присутен во работата на Собранието. „Нè држат цели денови, не можам да бидам присутен во парламентот“, рече Груевски.