Одобрена екстрадиција, Грујевски и Бошковски од суд во полициско комбе

Судот во Солун одобрил екстрадиција за Горан Грујевски и Никола Бошковски. Тие биле изнесени од судот и внесени во полициско комбе. Потсетуваме, двајцата поранешни началници на УБК биле уапсени во октомври на аеродромот во Солун при обид со лажни бугарски пасоши да заминат со авион за Будимпешта.