Нова снимка од претепаните хулигани кружи на интернет

Како што веќе знаете, за време на дербито помеѓу Црвена Ѕвезда и Партизан на 14 декември дошло до големи инциденти на јужната трибина. Во обидот за да ја заземат трибината, неколку хулигани биле тешко претепани. Станувало збор за жителите на Сплит, Анте Фириќ и Дамир Товаровиќ кои дошле во Белград за да учествуваат во тепачката за време на натпреварот. На интернет кружи нова, досега необјавена снимка од претепаните хулигани кои учествуваа во крвавото “вечно дерби“ во Белград.