Ова е еден од најголемите моменти на Ел Класико

Во ноември, 2005. година, на Сантиаго Бернабе, Реал Мадрид го дочека големиот ривал Барселона. Натпреварот заврши со победа на гостите од Каталонија со 3:0. Сепак, ова "El Clasico" е познато по тоа што по крајот на натпреварот, целиот стадион стана и му аплаудираше на Роналдињо, кој самиот постигна два гола. Тоа не се случува често...