На писта во Америка тестиран најголемиот авион во светот

Најголемиот авион во светот, „Стратоланч“, тестиран е на писта во Мохаве, Калифорнија, а видео од тестот на Твитер објави шефот на компанијата производител и „коосновач“ на Мајкрософт, Пол Ален. „Стратоланч беше изваден од хангар и тестиран на писта на аеродромот Мохаве при што успешно ги мина првичните тестови“, напишал Ален во прилог на објавата.