Дали некој се занимава со непотизмот во Обвинителството, праша обвинителката што го застапуваше случајот против Љубе Бошкоски

„Се трудев со целото свое битие и со целото срце да покажам дека новите реформи во правосудството може да заживеат. Така беше и во случајот „Ровер“, кој е застапен во публикацијата“, рече обвинителката Лидија Раичевиќ на денешниот настан за мониторингот од спроведување на ЗКП во 2017 година. ‘Ровер’ се одложува поради неприсуство на некои од обвинетите, а не поради странките во процесот“, рече обвинителката. „Кој ги направи жртви тие луѓе“, праша обвинителката. „Дали некој се занимава со непотизмот во Јавното обвинителство? Дали имаме ставено раководители на Обвинителството кои имаат вработено таму нивни деца и зошто е тоа така“?, праша обвинителката која го застапува предметот на ексминистерот Љубе Бошкоски.