Скандал на картинг во Бразил: Се обиде да го задави колегата

Незапаметен скандал се случи во Бразил на картинг-шампионатот 500 милји Грањ Вијана. Родриго Дантас физички се пресмета со Тука Роча поради што доби доживотна суспензија на оваа трка. Дантас најпрвин со борачки зафат го соборил Роча, седнал врз него, го удирал по главата, а потоа се обидел да го задави.