Одлична најава: Нашите ракометари подготвени за европското во Хрватска

Ова Европско првенство во Хрватска веројатно ќе биде последно за капитенот Кире Лазаров, но и повеќето ракометари од оваа генерација. Повеќе од сигурно е дека ќе биде клучното големо натпреварување за ракометната иднина на Македонија, кога поискусните ќе им ја предадат штафетата на Манасков, Талески, Кузмановски…Ние веруваме дека ракометарите ќе не израдуваат, а атмосферата ја подгрева и најавното видео, кое ви препорачуваме да го погледнете.