Футсалците на Барселона со тика-така магија и погодок ја кренаа на нозе Шпанија

Футсал секцијата на шпанскиот гигант Барселона се најде во центарот на вниманието на шпанската спортска јавност, а причината за тоа е перфектниот и магичен погодок на средбата против Осасуна. Имено на стартот на вториот дел домашните футсалци му ја сокрија топката на противникот и со максимално прецизни додавања од нога до нога, дојдоа до погодок за 16 секунди за ерупција на присутните во салата.